АВТОМОБИЛИТЕ НА СУЗАНА ТУРУНЏИЕВА И РЕБЕКА ВО ПЛАМЕН

Автомобилот на познатата пејачката, а воедно и водителка водителка Сузана Турунџиева бил опожарен изутринава околу 3 часот. Огнот кој избувнал го зафатил и возилото на пејачката Ребека Јанковска-Ристески кое било паркирано во непорседна близина.

На 16 јануари околу 3 часот по полноќ во СВР Скопје пред трговскиот центар кој се наоѓа на булеварот „8-ми септември“ бил пријавен пожар во патничко моторно возило „мини купер“ кое било со скопски регистарски таблички, сопственост на С.Т.(51) од Скопје, а огнот зафатил и патничко моторно возило „шевролет орландо“ со скопски регистарски таблички, сопственост на Р.Ј.Р.(49) од Скопје – информираат од скопската полиција.

Пожарот е изгаснат од страна на противпожарната единица од Скопје. Полицијата моментално ги утврдува причините за пожарот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

RSS
Twitter